Руската чудотворна икона Покров на мајката Божја пристигнува и во Македонија

t

Верниците од Битола, од Преспанско Пелагониската Епархија и од целата МПЦ ОА во вторник на 20 септември во 15 часот, во црквата Рождество на Пресвета Богородица ќе имаат можност да ја пречекаат и да се поклонат на т.н. “Кругосветна” икона – Покров на Пресвета Богородица, која од 2017 година ги посетува православните верници на сите светски меридијани.

Иконата, живописана во Свето-Троичко Сергиевата Лавра, по повод 100 годишнината од расејувањето на православните Руси низ цел свет поради прогонствата по Октомвриската Револуција, во 2017 година е благословена од првоерархот на Руската задгранична црква, митрополитот на Њујорк и цела Америка г. Иларион, по повод 10 годишнината од стапувањето во канонско единство на Задграничната со Руската Православна Црква.

Оттогаш иконата Покров на Пресвета Богородица три пати го обиколила светот, посетувајќи ги сите краишта каде има православни христијани: била на Арктикот, на врвот Елбрус, во САД, Австралија, Египет, Турција, Русија, Украина, Белорусија, Грузија, Италија, Грција, Кипар, Аргентина, Филипини, Јапонија… Во Македонија со благослов на митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, доаѓа од Србија, каде пак со благослов на патријархот Порфириј, претходно допатува од Јапонија.

По посетата на регионот (Косово и Метохија, Црна Гора, Република Српска во БиХ, Бугарија и Македонија) иконата ќе го продолжи патот кон Ерусалим.

За време на првата обиколка на светот во 2017-2018 „Кругосветната” икона почнала да мироточи, а подоцна се забележани и сведоштва на чудесни исцеленија – будење од кома, проодување, лекување на тешки болести.

Чудотворната икона Покров на Пресвета Богородица во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Битола доаѓа во предвечерието спроти истоимениот голем празник и слава на оваа црква во центарот на Битола, каде се очекува да ја пречекаат и да се поклонат илјаднци верници.

ИЗВОР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иконата на Св. Георгиј пристигна дома

Рајчичкиот манастир збогатен со уште една голема…

Верниците лути: Запалена чудотворна икона на Пресвета…

Во областа Волин, на западот на Украина,…

Илјадници верници во Атина чекаат да ја…

Илјадници верници во Атина, кои пристигнаа од…

Руската чудотворна икона Покров на мајката Божја…

Верниците од Битола, од Преспанско Пелагониската Епархија…