Руска веб-страница: Елитата е разочарана од Путин – му спремаат замена, а веќе има тројца можни наследници
Медуза, независната руска веб-страница за вести, објави извештај за наводното растечко чувство на разочарување од Владимир Путин меѓу руската елита.
Медуза цитира извори за кои вели дека се блиски до Кремљ, тврдејќи дека „има растечко незадоволство од претседателот Путин кај оние за и против војната“. Оние кои досега ја поддржуваа инвазијата, наводно, се незадоволни од недостатокот на напредок и повикуваат на „построг“ пристап.
Медуза вели дека многу високи бизнисмени и членови на владата се незадоволни што Путин ја започнал војната без да размислува за последиците од западните санкции врз земјата.
Извори блиски до администрацијата на Путин велат дека „се повеќе се разговара за иднината на земјата без Путин“ и дека зад сцената во Кремљ се водат разговори за потенцијалните наследници.
Наследниците на Путин?
Се сугерира дека како потенцијални наследници се споменуваат градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, истакнатиот сојузник на Путин, но и поранешниот претседател Дмитриј Медведев како и првиот заменик началник на Генералштабот Сергеј Кириенко.
Во извештајот се тврди дека нема планови за соборување на Путин или заговор, но „постои желба Путин повеќе да не биде шеф на државата во догледна иднина“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…
Трамп побара од ЕУ да го притисне…
Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…