Рускиот амбасадор во Белград: Русија нема да го признае Косово
Во однос на косовското прашање, Русија е постојано посветена на резолуцијата 1244, не го признава Косово и останува на принципот на поддршка на Белград, изјави рускиот амбасадор во Србија Александар Бочан-Харченко и оцени дека без Русија и Кина нема да има праведно решение за Косово.
Тој за „Вечерње новости“ изјави дека Русија, како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, ќе поддржи само решение што одговара на националните интереси на Србија, без разлика дали станува збор за нормализирање на односите или за смирување на актуелната криза.
На прашањето дека поединци изјавиле дека поради руско-украинскиот конфликт Русија може да направи пресврт и да го признае Косово, Бочан-Харченко рече дека тоа не е точно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Норвешка подготвува штит против дронови на границата…
Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот…
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…
СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…
Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…
ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…