Објавено на:

Рускиот амбасадор во Британија: Мораше да удриме врз Украина, тоа е неопходен бунт кон САД

t

Амбасадорот на Русија во Британија вели дека неговата земја најверојатно нема да се повлече од јужниот брег на Украина. Андреј Келин изјави за новинската агенција Ројтерс дека неговата земја ќе ги победи украинските сили во источниот регион Донбас.

„Ќе го ослободиме цел Донбас. Се разбира, тешко е да се предвиди повлекување на нашите сили од јужниот дел на Украина, бидејќи веќе имаме искуство дека по повлекувањето почнуваат провокации и се пука во луѓе и слично“, рече тој.

Ројтерс пишува дека зборовите на Келин покажуваат дека Русија го гледа можниот крај на војната во Украина како присилна поделба што ќе ја остави Украина без повеќе од една петтина од нејзината постсоветска територија.

Келин рече дека, порано или подоцна, Украина ќе мора да одлучи дали ќе склучи мировен договор со Русија или ќе продолжи да се лизга кон пропаст.

Келин рече дека Западот не ги разбира причините за конфликтот и ја игнорирал загриженоста на Русија.

„Приказната е многу кратка: Русија беше агресивна против невината Украина. Тоа воопшто не е вистина“, рече тој, додавајќи дека „специјалната воена операција“ е неопходна бидејќи Москва морала да ги брани луѓето што зборуваат руски од прогон.

Тој, исто така, го опиша како неопходен бунт против САД, кои ги обвинува дека ја понижувале Русија од падот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…

Трамп номинираше противник на воената помош за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…

Трамп најавува дека  ќе стави крај на…

Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…

Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…