Рускиот амбасадор во Србија – Нема да го признаеме т.н. Косово
Амбасадорот на Русија во Србија, Александар Боцан Харченко оцени дека без Русија и НРКина нема да има праведно решение за Косово.
Во однос на косовското прашање, Русија е доследно посветена на резолуцијата 1244, не го признава Косово и останува на принципот на поддршка на Белград, изјави рускиот амбасадор во Србија.
Тој рече дека Русија, како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, ќе поддржи само решение кое одговара на националните интереси на Србија, без разлика дали се работи за нормализирање на односите или смирување на актуелната криза.
На прашањето дека поединци тврдат дека поради руско-украинскиот конфликт Русија може да направи пресврт и да го признае Косово, Боцан Харченко рече дека тоа не е точно. Зборувајќи за француско-германскиот план, тој рече дека Русија не е учесник во разговорите и дека формира мислење врз основа на извештаите во српскиот парламент и информациите од медиумите.
Според мене, ова е обид Западот да најде заобиколен пат Србија да го признае Косово и таа да влезе во меѓународните институции, пред се во ОН – изјави рускиот амбасадор за „Вечерње новости“ и додаде дека не верува дека овој план може да послужи како добра основа за понатамошни дискусии.
Амбасадорот констатираше дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Белград покажале волја за разговор, иако на маса има лоша хартија.
Според Харченко т.н Косово се користи како директен притисок врз претседателот Вучиќ и дека Западот, користејќи ја геополитичката ситуација, сака да го реши прашањето на кој било начин.
Нашите геостратешки интереси одговараат на постабилна ситуација насекаде, на Балканот, а особено во Србија, која е пријателска земја и соработуваме во различни области – рече Боцан Харченко.
Зборувајќи за притисокот врз Србија да воведе санкции, тој рече дека Русија високо ја цени истрајноста и „херојското однесување“ на претседателот на Србија во ова прашање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…