Рускиот гасен гигант Газпром го зголеми својот инвестициски буџет оваа година

t

Рускиот гасен гигант Газпром го зголеми својот инвестициски буџет оваа година бидејќи приходите од извоз ги надминаа очекувањата и ги надоместија помалите испораки, рече заменик-извршниот директор Фамил Садигов.

Инвестициската програма за оваа година е зголемена за 222 милијарди рубљи, на 1.980 милијарди рубљи (33,38 милијарди долари), објави руската компанија.

Капиталните трошоци ќе бидат повисоки за 319,1 милијарди рубљи и ќе изнесуваат 1.750 милијарди рубљи, главно поради дополнителни средства за развој на центри за производство на гас на полуостровот Јамал и на истокот на Русија. „Новиот буџетски план рефлектира за 34 отсто поголеми приходи од продажба на гас отколку што беше предвидено во првата верзија на буџетот“, објави Садигов на каналот Телеграм.

„Помалиот обем на извоз на гас беше целосно неутрализиран со зголемувањето на извозната цена“, појасни Садигов. Повисоките приходи во првата половина од годината ги „покриле“ повисоките даночни обврски и важните инвестициски проекти, како што се гасоводот „Моќта на Сибир“ и складиштето на полуостровот Јамал во северен Сибир, додаде шефот на „Газпром“.

„Компанијата ќе плати и 1.200 милијарди рубљи (20 милијарди долари) дивиденда за резултатите во првата половина од годината, рече Садигов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…