Објавено на:

Рускиот напад на Одеса може да биде фатален за куќата во која живеел Крсте Петков Мисирков?

t

Зошто Македонците не се рамнодушни кога Русија го гранатира мултиетничкиот град Одеса во Украина? Дали ќе преживее и спомен-плочата на куќата во која што творел и живеел македонскиот научник Крсте Петков Мисирков? Градот Одеса за Македонците е значаен и по тоа што таму живеел и творел Крсте Петков Мисирков, уредувачот на првото списание на македонски јазик „Вардар“. Во март 1905 Мисирков добил дозвола да го печати списанието на „централното наречје на македонските словени“ токму во Одеса. Во Одеса го напишал и својот дипломски труд „Кон прашањето за народноста и причината за популарноста на македонскиот крал Марко“. Во Одеса Мисирков зборувал и на општословенското собрание како претставник на Македонците од Одеската македонска колонија.

На куќата каде од 1907-та до 1913-та година живеел авторот на книгата „За македонцките работи“ Крсте Петков Мисирков е поставена спомен плоча уште во 2008. Свеченоста се одржа за време на седмата научна конференција, од 5 до 8 јуни 2008 во Одеса, во организација на Украинската академија на науките и на МАНУ. Спомен плочата на улица Канатна 28 ја открија во 2008 академик Блаже Ристовски и заменик градоначалникот на Одеса, а на неа пишува: „Во тој дом во 1909-1913 живеел и работел македонскиот научник и културно-национален деец Крсте Петков Мисирков“.

Извор: Вечер

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски ракетни напади врз Запорожје и Одеса

Руските сили изутринава извршија ракетни напади врз…

Борел: Русија варварски ја напаѓа Одеса!

„Жалам што градот Одеса е во фокусот на…

Борел денеска е во посета на Одеса

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел денеска…

(Фото) Ноќеска нов напад на Одеса со…

Ноќеска руските воздушно космички сили изведоа нов…

(Видео) Опасна реклама од министерството за одбрана…

„Ќе се вратиме во Киев“, вели војникот.…