Објавено на:

Рускиот патријарх Кирил не ја осуди војната, ниту спомна Украинци: Господ да го помири нашиот народ во Украина

t

– Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил изјави дека се надева оти конфликтот во Украина наскоро ќе заврши. Но, зборувајќи во пресрет на православниот Велигден, тој не ја осуди војната, пренесува Би-Би-Си.

– Господ нека го помири нашиот народ во Украина, во Донбас, каде што сѐ уште се пролева крв, рече тој на богослужбата на отворено во Москва.

Со изјавата всушност го повтори тврдењето на претседателот Владимир Путин дека Русите и Украинците се во суштина иста нација, наведува Би-Би-Си.

– Господе, дај го овој велигденски подарок, да им помогне на оние кои се вклучени во овој тежок конфликт, да ги смират своите срца, умови, души, за што побрзо да завршат меѓусебните судири и да завладее долгоочекуваниот мир, рече патријархот.

Како близок сојузник на Путин, тој претходно даде изјави за поддршка на офанзивата на Москва во Украина и налути некои во Руската православна црква дома и во странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја очекува уште една сурова зима,…

Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…

И Македонија ќе треба да излезе од…

Русија ќе се обиде да ја искористи…

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…