Објавено на:

Руските војници слават за освојувањето на железарата “Илич”

t

Како што јави руската агенција РИА Новости, руските војници влегуваат во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, последното упориште на украинските сили во опколениот пристанишен град.

„Ситуацијата на првата линија е тензична. Но, ние постојано напредуваме. Веќе влегуваме во челичарницата ‘Азовстал’, додека железарницата ‘Илич’ е практично наша. Примирје? Какво примирје. Ја игнорираа нашата иницијатива“, изјави командантот на единицата на Доњецките народни сили.

Меѓу оние кои најмногу слават со освојувањето на железарата „Илич“ се таканаречените „кадировци“, војници кои доаѓаат од Чеченија и имаат целосна верност кон тамошниот лидер Рамзан Кадиров.

Народната милиција на Народна Република Доњецк, исто така, извести дека командантот на 36. бригада на украинските маринци, полковник Володимир Барањук, бил убиен во обид украинските сили во Мариупол да извршат пробив во ноќта меѓу 11 и 12 април. Покрај него, загинаа уште 50 други украински војници, додека уште 42 се предале.

Колку може да издржат украинските трупи кои ја бранат огромната челичарница „Азовстал“? Џастин Крамп од безбедносната консултантска компанија „Сибилин“ изјави за Би-Би-Си дека тие може да издржат долго време со герилски тактики, користејќи ги нејзините нуклеарни бункери и тунели.

„Тие се навистина добро подготвени за одбрана“, имајќи повеќе од 50 дена да го зацврстат местото и да изградат патишта за бегство.

„Се сомневам дека освен ако не бидат избришани, ќе бидат таму долго време – тие би можеле да прават непријатни работи ноќе и да се вратат внатре“.

Тој проценува дека околу 800 борци ја бранат фабриката, предводена од екстремно десничарскиот баталјон „Азов“ – група која Русија ја оцрнува како „неонацисти“.

„Војниците таму не сакаат да бидат заробени, не мислам дека ќе се предадат. А Русија не сака да влезе и да чисти метар по метар, под земја, тоа е ужасно“, рече тој.

Украина успеа да ги снабди своите опколени сили во Мариупол во многу ризични ноќни мисии, рече Крамп.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неколку израелски војници се повредени по напад…

Неколку израелски војници се повредени по напад…

Германија испраќа уште војници на Косово

Германија на пролет следната година на Косово…

Се огласија од КФОР: Војниците без причина…

Мисијата на КФОР соопшти дека во вчерашните…

Експлозија во Железара: Тројца работници се повредени

Тројца работници се повредени во експлозија што…

Украинците признаа: Загинаа над 93.000 наши војници

Украинските власти објавија дека од почетокот на…