Руските пренкери го насамарија и Дуда: Не сакам војна со Русија, не ги обвинувам Русите!
Полска не сака војна со Русија поради падот на украинската ракета на истокот од земјата, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда во разговор со руските пренкери Вован и Лексус, кои се претставија како неговиот француски колега Емануел Макрон.
„Верувај ми, јас сум многу внимателен. Не ги обвинувам Русите, ова е војна. Мислам дека двете страни меѓусебно ќе се обвинуваат за оваа војна. Мислиш дека ми треба војна со Русија? Не, не, не го сакам тоа. „Не сакам војна со Русија и сум крајно внимателен, верувајте ми, крајно внимателен“, изјави Дуда.
Тој нагласи дека токму поради тоа не говорел за петтиот член од повелбата на НАТО за колективна самоодбрана, туку само го иницирал дејството на четвртиот член од главниот договор, кој предвидува консултации во случај на закана за еден од членките на алијансата.
Според Дуда, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвинува Русија за тоа што се случило.
„Тој вели дека се апсолутно сигурни дека тоа е руска ракета лансирана од Русите. И рече дека тоа не може да биде лансирање на украински проектил.
Дополнително, Дуда рече дека американскиот претседател Џо Бајден му ветил дека ќе испрати експерти да учествуваат во истрагата.
Полскиот лидер исто така истакна дека е повеќе загрижен за можноста од нуклеарна катастрофа поради напад на украинските нуклеарни постројки отколку за „валканите бомби“.
Разговорот меѓу Вован и Лексус со Дуда е снимен на 15 ноември, денот на инцидентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…
Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…
Трамп: Путин сака договор за завршување на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…
Директорот на ЦИА презема поголема улога во…
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…
Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска оцени дека…
Украински разузнавачи: „Руските ресурси за војна може…
Руските ресурси за војна може да ѝ…