Руските пренкери ја насамарија и Мелони: Била изморена од војната во Украина
Кабинетот на италијанската премиерка, Џорџа Мелони, денеска призна дека двајца руски пренкери ја измамиле премиерката на Италија во телефонски повик, при што таа зборувала за заморот на меѓународната заедница со војната во Украина и недостатокот на поддршка од Рим во решавањето на миграцискиот проблем. 13-минутната аудио снимка, која датира од септември, ја објавија на интернет Русите Вован и Лексус, кои на сличен начин измамија други западни политичари и познати личности во обид да извлечат искрени и необични изјави, објави Ројтерс.
Од кабинетот на Мелони соопштија дека жалат што премиерката била измамена од соговорник кој се претставил како шеф на Комисијата на Африканската унија. Во соопштението за печатот се наведува дека разговорот се случил на 18 септември, пред средбите на Мелони со африканските лидери на Генералното собрание на Обединетите нации. „Гледам многу замор, морам да кажам, од сите страни и блиску сме до момент кога сите ќе го разберат тоа, така што ни треба излез“, рече таа, зборувајќи на англиски, откако беше прашана за војната на Русија во Украина.
Таа посочи дека проблемот е „како да се најде излез кој може да биде прифатлив за двете страни, без „да се уништи меѓународното право“.
Осврнувајќи се на позицијата на Италија како прво пристаниште за влез за многу мигранти кои го преминуваат Средоземното Море, Мелони се пожали дека меѓународните партнери не прават доволно за да помогнат. „Сите се согласуваат дека само Италија треба сама да го реши овој проблем, што е многу глупав начин на размислување“, изјави таа. Ова го пренесе еден од лажните соговорници Лексус или Алексеј Столјаров и додаде дека Мелони е барем некој кој е подготвен да го сподели своето вистинско мислење.
„За жал, за разлика од неа, многу европски политичари се однесуваат како некој вид програмиран робот и изразуваат ставови што ги изразуваат само во нивните кругови“, изјави тој за Ројтерс по телефон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…