Руските репрезентативци запрени на граница? Фудбалерите добиле повик за во војска?

t

Руската фудбалска репрезентација одигра пријателски натпревар против Киргистан, кој не го признава ФИФА, а при преминувањето на границата дел од играчи беа прашани за служење на воениот рок. Одлуката на Владимир Путин да прогласи делумна мобилизација на населението за војната во Украина беше загрижувачка, па се почесто во тамошната јавност се поставува прашањето дали може и фудбалерите да бидат „резерва“.

Судејќи според информациите на рускиот новинар Максим Аланазаров, инаку заменик уредник на угледниот „Спорт Експрес“, дел од репрезентацијата би можела да заврши во војска, бидејќи поканите наводно ги добил адвокатот на Здружението, физиотерапевтот и луѓе задолжени за организација на натпреварите, а прашање е дали тука е крајот на списокот.

Медиумскиот директор на руската репрезентација, Јегор Кретсан, објасни дека на играчите им биле поставувани прашања на границата за „способност за воена служба и поседување воена книшка“, но уверува дека тоа е случај со сите мажи и дека никој немал проблем.

„Тешки времиња, многу тешки… Мислите ми беа нефудбалски, зборувам за себе и за некои мои соиграчи. Прашаа „дали служеше, не служеше“. Секако, тоа беше многу неочекувано. Но, тоа е нивна работа, ништо што не можете“, изјави по натпреварот Баринов, играчот за врска на Локомотив Москва.

Украинскиот спортски портал „Спорт 24“ пренесува дека некои фудбалери од пониските лиги веќе морале да се јават поради повикот за мобилизација, но дека засега тоа се „чува во тајност“ за да не предизвика уште поголема тензија во Русија.

Извор: Спортмедија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Орбан со чудна порака по повод…

Како што пренесува порталот „Унгарија денес“, Орбан…

Зеленски: Очекуваме силен руски напад кон крајот…

Украина се соочува со „нова фаза“ на…

Бербок ја обвини Русија за сајбер напад…

Германското Министерство за надворешни работи ги покани…

Захарова ги предупреди Вашингтон, Лондон и Брисел:…

Официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи…

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…