Руски ботови и платени политичари се против уставните измени, вели премиерот
Клучната порака за евентуалните уставни измени е дека ако се погледнете дискусијата во јавната комуникација, ќе се види дека нема ниту една забелешка на амандманите, не задираат во ниту едно идентитетско прашање – се работи за техничка измена на Уставот, вели Премиерот Ковачевски.
Со тоа се демантираат лагите дека ќе се бугаризира македонскиот народ, освен од неколку платени руски ботови и платени политичари и аналитичари, кои што мораат заради финансиски средства да го зборуваат тоа, но во тоа нема никаква суштина – вели Ковачевски.
Според Ковачевски овојпат не треба да се плашиме од вето однадвор, бидејќи ветото може да дојде од внатре од нашата држава.
Ако досега ветото за Македонија за евроатлантските интеграции доаѓаше од надвор, денес за првпат ветото може да дојде од внатре од политички партии кои декларативно кажуваат дека се за интеграција, а историски имаат докажано дека се против евроатлантските интеграции. За првпат имаме политичари после 32 години независност кој што вели дека европската агенда не е иста со македонската. Тоа досега ниту еден политичар не го кажал. Тоа значи дека има некаков друг план во однос на интеграцијата на државата – вели Ковачевски.
Во Македонија не може странци да завршат работа. Тоа е работа која може да ја завршат само македонски политичари без разлика од која партија доаѓаат, а Македонија друг пат нема, дециден е Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…
Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…
Костадиновска-Стојчевска: Се трудам да го заштитам моето…
„Се трудев да го заштитам семејството од…
Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од…
Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…