Руски дипломат: Сѐ е можно во наредните неколку недели!
Руската страна останува отворена за контакти со Вашингтон. Ова им го соопшти на новинарите заменик-шефот на руското Министерство за надворешни работи Сергеј Рјабков.
Според Рјабков, отворено е прашањето што ќе се случува во наредните недели.
„Сѐ е можно и, како што многупати кажа рускиот претседател, ние сме отворени за дијалог и контакти, разговори и средби“, посочи дипломатот.
Телефонскиот разговор на претседателот (Путин со Трамп) не е закажан.
„Тоа не беше планирано“, рече заменик министерот, истакнувајќи дека контактите со новата американска администрација се уште не се започнати.
„Контактите со новата администрација не се започнати. Се што се случува во однос на дијалогот со Вашингтон се одвива преку амбасадите“, рече дипломатот.
Според прес-секретарот на рускиот лидер Дмитриј Песков, Русија е подготвена за контакти со САД на претседателско ниво, но од Вашингтон не пристигнале соодветни барања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Русија го повтори барањето НАТО да се…
Русија повторно бара НАТО да ги повлече…
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
САД ја укинаа забраната за летови, се…
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…