Руски новинар бара интервју со Бајден
Генералниот директор на медиумската група „Росија Севодња“ Дмитриј Кисељов изјави дека испратил барање до Белата куќа за интервју со американскиот претседател Џозеф Бајден.
Кисељов на телевизија „Русија 1“ навел дека барањето за интервју со Бајден го испратил за да продолжи дијалогот меѓу земјите откако американскиот новинар Такер Карлсон неодамна спроведе интервју со рускиот претседател Владимир Путин.
„Сметаме дека нашите земји немаат можност да се слушаат и да се слушнат, а веруваме дека Путин даде достоен пример со тоа што се согласи на интервју наменето за американскиот гледач“, истакнал Кисељов, пренесува РИА Новости.
„Апсолутно е неопходно добриот американски претседател Бајден да одговори на сето ова. Најдобрата и најефективната опција за Белата куќа би било интервју еден на еден со руски новинар. Чекам одговор“, додава тој.
Ноќта на 9 февруари, американскиот новинар Такер Карлсон објави двочасовно интервју со Путин на неговата веб-страница и на различни платформи. Интервјуто е прегледано повеќе од 200 милиони пати само на социјалната мрежа Х.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…
Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!
Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…
Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски…
Американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“,…
Црногорската влада воведе санкции против Белорусија
Владата на Црна Гора денес одлучи да…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…