Руски олигарх ја финансирал свадбата на синот на Трамп на Бахами
Руски олигарх помогнал во финансирањето на свадбата на синот на американскиот претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп Помладиот, објави истражувачкиот портал ProPublica, пренесе ДПА.
ProPublica наведува дека станува збор за Умар Кремљев, претседател на Меѓународната боксерска асоцијација (IBA), за кој се вели дека одржува добри односи со рускиот претседател Владимир Путин. Според порталот, Кремљев платил стотици илјади долари за прославата на Бахамите. Изнајмувањето на самиот приватен остров наводно чинело околу 100.000 долари за ден, додека огнометот чинел околу 70.000 долари.
„Пријателството не мора да биде политички мотивирано. Дарежливоста не подразбира автоматски скриени мотиви. А, понекогаш свадбен подарок е само свадбен подарок“, напиша снаата на Трамп, Бетина Трамп, на Инстаграм откако беше објавен текстот.
„Нашиот драг пријател Умар многу великодушно ни приреди две неверојатни вечери на прослава ПО нашата свадба“, напиша таа. Таа го опиша како „исклучително дарежлив свадбен подарок од пријател, за кој бевме и остануваме исклучително благодарни“.
Според порталот, Кремљ се сретнал со Трамп помладиот непосредно пред свадбата во мај, но сепак дошол на прославата со поголема група други руски гости. Бетина Трамп во објавата ја опиша свадбата како „приватна семејна свадба, прекрасен викенд со пријатели и многу забава“.
Претседателот Трамп постојано се соочува со обвинувања дека е близок со влијателни Руси. Во 2016 година, руската влада се обидела да влијае на претседателските избори во САД во корист на Трамп, како што е утврдено во извештајот на Комитетот за разузнавање на Сенатот на САД, јави ДПА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски олигарх ја финансирал свадбата на синот…
Руски олигарх помогнал во финансирањето на свадбата…
Европските банки под силен притисок, акциите паднаа…
Европските банкарски акции се најдоа под притисок…
Фатени двајца крадци од Кочани, „оперирале“ во…
По преземени мерки и активности, полициски службеници…
Брод погоден од проектил во Ормускиот Теснец…
Брод што минувал низ Ормускиот Теснец бил…
Сали: Има напори за усвојување на Изборниот…
Усвојувањето на Изборниот законик од страна на…