Руски проектил погоди станбена зграда во украинскиот пристанишен град Николаев

t

Руски проектил погоди станбена зграда во јужниот украински град Николаев, при една од трите експлозии што го потресоа градот рано денеска.

Ракетата целосно уништи дел од зградата, која се наоѓа во централното подрачје на Николаев.

Според претставник на градските власти, проектилот бил С-300.

Украинските власти ноќеска соопштија дека е погоден „енергетски објект“ во Киев, еден ден по смртоносните напади на руски беспилотни летала врз украинскиот главен град.

„Три удари врз објект за снабдување со електрична енергија на левиот брег на Киев“, објави на социјалните мрежи Кирило Тимошенко, заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Папата Лав XIV остро против евтаназијата: Она…

Папата Лав XIV денеска ја осуди евтаназијата…

Фон дер Лајен најави помош од речиси…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Малолетник се здобил со тешки повреди откако…

Малолетник е тешко повреден откако бил удрен…

Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот

Центарот за управување со кризи информира дека…

Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…

Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…