Објавено на:

Руски професор тврди: Војната во Украина е тест за поголем конфликт со НАТО

t

Руски професор по политички науки тврди дека војната во Украина едноставно би можела да ескалира во поголем конфликт, што ќе и овозможи на руската армија да ја тестира и спореди својата моќ со НАТО.

Алексеј Фененко, вонреден професор на Факултетот за светска политика на Московскиот државен универзитет и научен соработник на Институтот за меѓународни безбедносни студии изјави дека војната во Украина е само тест и вовед во друг конфликт.

„ Војната во Украина е тест за можен светски конфликт во иднина. „Го тестираме оружјето против НАТО, ќе дознаеме колку е нашето оружје посилно од нивното“, рече професорот.

„Тоа би можело да биде добро искуство за учење за идните конфликти“, додаде тој, пред водителката на руската државна телевизија која шокирано интервенираала со зборовите: „Тоа е застрашувачки експеримент“, објави Дејли мејл.

Оваа необична изјава е последниот пример на обидот на Кремљ да го контролира наративот за војната во Украина, во која силите на Путин претрпеа повеќе загуби отколку што очигледно очекуваа. Во моментов, руските војници се изложени на контранапади во областите на Харков, Доњецк и Луганск.

Според последниот извештај на Генералштабот на украинските вооружени сили, Русија загубила над 28.000 војници. Украинските војници уништија 1.263 тенкови, 3.090 оклопни возила, 204 авиони, 168 хеликоптери и стотици артилериски и ракетни фрлачи. Невозможно е да се проверат овие бројки од независни извори, а западните разузнавачки податоци наведуваат дека загубите на руските војници биле меѓу 7.000 и 15.000 до крајот на март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блинкен: САД видоа докази за обиди на…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска објави…

Ужас: Девојче силувано во струмичко, монструмот е…

На 25.04.2024 во Полициската станица Струмица, во…

Итна евакуација на две болници во Киев…

Градската државна на Киев извести дека итно…

Исчезна малолетничка од Петровец, братот се сомнева…

Малолетничка се оддалечила од домот во Петровец,…

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка…

Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби…