Руски трговец со оружје му порача на Трамп: Животот Ви е во опасност, дојдете во Русија!
Рускиот трговец со оружје Виктор Бут, кој во декември беше ослободен од американски затвор во размена на затвореници со Москва, го повика поранешниот американски претседател Доналд Трамп да побара засолниште во Русија бидејќи „неговиот живот е во опасност“.
Бут, познат и како „Трговецот на смртта“, беше заменет за американската кошаркарска ѕвезда Бритни Грајнер, која во Русија беше осудена на девет години затвор за поседување масло од марихуана.
„Верувам дека Вашиот живот е во опасност“, напиша Бут во телеграмата испратена до Трамп и прикажана на новинарите во Москва.
„Администрацијата на Бајден нема да застане само со тоа што ќе Ве влече низ индустрискиот комплекс суд/затвор. Тие повеќе би сакале да Ви стават крај на животот отколку да Ве остават да им застанете на патот“, пишува Бут во телеграмата, која се толкува како пропаганден потег на Кремљ.
Во вторникот, Доналд Трамп стана првиот поранешен претседател на САД обвинет за кривично дело кога се појави во њујоршкиот суд и се изјасни за невин по 34 точки од обвинението за давање поткуп и малверзации со пари од кампањата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
РУСИЈА ОДГОВОРИ СО НОВ НОЌЕН НАПАД ВРЗ…
Додека украинските беспилотни летала напаѓаа цели длабоко…
Европската комисија со шест постапки против Бугарија,…
Европската комисија покрена шест постапки против Бугарија…
Mицкоски: Ако зелената транзиција ја направиме социјално…
Зелената транзиција е неопходна, но светот ризикува…
Обвинителството бара дополнителни шест години за Тачи:…
Специјализираното обвинителство во Хаг побара Хашим Тачи…
Папата: Загрижен сум за трендовите во општеството…
Папата Лав денес цврсто го повтори противењето…