Објавено на:

Руски удар во Црното Море: Со дронови гаѓани два брода што пренесувале воена опрема за украинската војска

t

Руските вооружени сили продолжуваат да изведуваат групни напади врз пловни објекти и капацитети на пристанишната инфраструктура што им припаѓаат на украинските вооружени сили, се наведува во соопштението на руското министерство.

Во Црното Море, руските сили употребија беспилотни летала за напад врз брод за превоз на рефусeн товар што превезувал оружје и муниција за украинската војска, како и врз контејнерски брод што превезувал воена опрема за Киев.

Руското Министерство за одбрана наведува дека нападите врз пловните објекти и капацитетите на пристанишната инфраструктура на украинските вооружени сили продолжуваат.

Руските трупи изведоа напади со беспилотни летала во Црното Море врз брод за превоз на рефусен товар што превезувал оружје и муниција за украинските вооружени сили, како и врз контејнерски брод што превезувал воена опрема за Киев, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесе агенцијата ТАСС.

„Руските вооружени сили продолжуваат да изведуваат групни напади врз пловни објекти и капацитети на пристанишната инфраструктура што им припаѓаат на украинските вооружени сили“, се вели во соопштението на руското министерство.

Пред неколку дена, руските трупи исто така употребија борбени беспилотни летала за напад врз воен товарен брод што претходно испорачал воена опрема во Украина, како и врз три резервоари за гориво што ги користела украинската војска во пристаништето Измаил во регионот на Одеса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…