Руски функционери бараат одмазда за мостот во Крим
Британското Министерство за одбрана објавило нов разузнавачки извештај кој ја разработува состојбата после експлозијата на мостот што ги поврзува Крим и Русија.
Во извештајот се наведува дека експлозијата би можела да има големо влијание врз способноста на Русија да ги одржи своите сили на југот на Украина.
Британските аналитичари предвидуваат дека експлозијата може да ги насочи и идните одлуки на Претседателот Путин кој не може да остане индиферентен и заради фактот што нападот се случил само неколку часа по неговиот 70-ти роденден.
Во извештајот се напоменува дека тој лично го спонзорирал и отворил кримскиот мост, а работите ги изведувал негов близок пријател од детството.
Според британското министерство, железничкиот дел од мостот одиграл клучна улога при распоредувањето на тешкото оружје на јужниот фронт во Украина.
Официјални лица во Москва и во окупираните делови на Украина повикаа на освета за експлозијата која вчера тешко го оштети мостот кој ги поврзува Крим и Русија.
„Против нас се води отворена терористичка војна“ рекол пратеникот на руската владеачка партија Олег Морзов за новинската агенција РИА Новости.
Франс Прес го цитира Кирил Стремусов, официјално лице од Херсон кој кажал „Сите го чекаат одмаздничкиот удар и веројатно ќе дојде до него“.
„Терористичка Украина мора да биде уништена“ рекол Владимир Рогов, проруски лидер во окупираниот дел на Запорожје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„ВЕЌЕ НЕМАМЕ ПАРИ ЗА СЕ“, остро порача…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денес во…
„КООРДИНАЦИЈА НУЛА“: „Ниту една повеќе“ им даде…
Со остри критики кон институциите и барања…
(Фото) Со навредлив транспарент за македонската полиција…
На денешниот протест против насилството врз жените,…
НОВАТА ВЛАСТ ВО СРБИЈА Ѝ УДРИ ШАМАР…
Србија нема да учествува на самитот на…
ОЈО Крива Паланка постапува по напад врз…
Обвинителството во Крива Паланка почна да постапува…