Руски хакери го хакирале личниот телефон на поранаешната британска премиерка Лиз Трас
Личниот телефон на поранешната британска премиерка Лиз Трас бил хакиран од агенти кои работеле за рускиот претседател Владимир Путин. Ова го објави лондонскиот весник „Дејли мејл“.
Според изданието, агентите добиле пристап до „строго тајни детали“ од преговорите со меѓународни претставници, вклучително и оние во врска со војната во Украина.
Хакирањето се случи летото, кога Трас сè уште беше министер за надворешни работи, но водеше кампања за лидерот и премиер на Конзервативната партија (која ја освои во септември). Тогаш веста за хакирањето беше потисната.
Британската влада одби да го коментира објавувањето, но додаде дека има цврста одбрана од сајбер заканите.
Весникот „Мејл он Сандеј“ тврди дека деталите за хакерскиот напад биле потиснати од тогашниот премиер Борис Џонсон и секретарот на кабинетот Сајмон Кис. Изданието дури и ги спореди постапките на Кејс со „информациско затемнување“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хакери пробиле дигитални паричници, однеле биткоин вреден…
Сериозен пропуст во областа на безбедноста на…
Проруски хакери открија идентитети на повеќе од…
Идентитетите на повеќе од 400 шпански и…
Хакери украле над 70 илјади лични документи…
Група сајбер криминалци наречена „Мидокс“ украле илјадници…
Хакери тврдат дека збришале 90 милиони долари…
Хакери кои веројатно имаат врски со Израел…
Хакери го нападнаа компјутерскиот систем на двата…
Хакери го нападнаа компјутерскиот систем на двата…