Русковска имала притисоци за да се откаже од предметот за Рашковски – еве што ѝ нуделе за да не го гони соработникот на Заев

t

Обвинителката Вилма Русковска во Топ Тема на Телма тврди дека предлогот за нејзино разрешување е резултат на истрагата што таа како шефица на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ја отворила за Драги Рашковски кој беше генерален секретар во Владата на Зоран Заев.

Имала притисок и закани да се откаже од шефовското место, а за возврат и било понудено да стане заменик републички Јавен Обвинител. Со овие понуди, како што рече, „сакаа да ме фатат на пенал, а тоа е почнувањето предистрага за тогашниот директор на Финансова полиција, Арафат Муареми“, пренесе Телма.

Русковска претпоставува дека со понудата на тие повисоки функции, ако таа ги прифатела, можеби ќе требала и да ја повлече односно откаже од истрагата за случајот со Рашковски.

-Можеби и тоа беше причината, тогашниот премиер и јавно кажа дека не ми верува мене кога станува збор за овој предмет. Кога бевме сега на дисциплинската комисија, јас го предложив професорот Калајџиев, за сведок-експерт, бидејќи таму се наведува дека сум сторила повреди на законот за кривична постапка, а Калајџиев кој бил дел од законот за кривична постапка, да каже дали јас навистина сум го сторила тоа дело. Но, не беше прифатен како сведок. А како докази за дисциплинската постапка беа наведени само претставките од Арафат Муареми, вели Русковска.

Русковска вели дека тогашната власт не сфатила дека на неа не и била важна фотелјата, туку желбата да става темели на една правна држава, и поради тоа повторно ја поднела кандидатурата за Шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

-Едноставно не сфатија дека мене не ми беше важно функција и фотелја. Јас сама се изборив за позицијата шеф на обвинителството за борба против организиран криминал од причина што сакав да почнам да ставам темели на една правна држава. Сите знаеме во каква состојба беше тоа обвинителство, едноставно не немаше на мапа. И затоа не се каам што тогаш не го прифатив тој предлог, истакнува Русковска во интервју за Топ Тема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До 9 часот излезноста на првиот круг…

До 9 часот излезноста на првиот круг…

Ѓоковиќ: Само победа и ништо друго!

Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер силно ја…

Може да гласаат и граѓаните со истечени…

На претседателските избори денеска можат да гласаат…

Сенатот одобри помош за Украина, Израел и…

Во САД, Сенатот одобри помош за Украина,…

Почнуваат активностите за вежбата „Swift Response 24“

 Од денеска почнуваат подготвителните активности за изведување…