Русковска: По природа сум борец, случувањата во изминатите месеци ме мотивираа да конкурирам за нов мандат во ОЈОГОКК

t

Случувањата во последните два месеца ме мотивираа да поднесам кандидатура за нов мандат во Основно јавно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, изјави вечерва суспендираната јавна обвинителка и поранешна шефица на ОЈОГОКК, Вилма Русковска во интервју во „Топ тема” на Телма ТВ.

-Во повеќе наврати изјавив дека немам намера да се кандидирам за истото работно место и мојата кандидатура за заменик републички обвинител го покажува токму тоа. Но, по природа сум борец и сето ова што се случи во последните два месеца ме мотивира повторно да поднесам пријава за истото работно место. Да не беше временото оддалечување од работното место, да не беше предлогот за поведување на дисциплинска постапка, сигурно немаше повторно да се пријавам, рече Русковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДКСК се „неписмени“, сметаат обвинителите

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…

Комплетирано вештачењето за „Еуростандард Банка“ – Разрешница…

На денешниот брифинг со новинарите, обвинителите од…

ОЈОГОКК ќе го истражува случајот со обезбедувањето…

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…

Судот одлучи: 14 осомничени за “Синџир” одат…

Судија во претходна постапка вчера, доцна вечерта,…

Еден од уапсените во “Синџир” извлекол речиси…

Акцијата, како што соопштија од ОЈОГОКК е…