Русковска се’ уште не му доставила на Јовевски одговори за претресот во Финансиската полиција

t

Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која денеска беше суспендирана од нејзиниот претпоставен, републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, сѐ уште ги нема доставено одговорите околу спорниот претрес во Финансиската полиција, кои од неа ги побарал Јовески, објави „Фокус“.

Информацијата ја потврдува и јавниот обвинител. Тој претходно изјави дека ја задолжил обвинителката Русковска да достави информација за постапувањето во случајот.

-Обвинителите кои го извршија надзорот утврдија дека на денот на вршењето на претресот обвинителката Вилма Русковска го започнала користењето на годишниот одмор. Во нејзино отсуство ја заменувала обвинителката Ивана Трајчева. Барањето за наредба за претрес кое е изготвено во име на обвинителката Русковска го потпишала обвинителката Елизабета Јосифовска. За тоа кој го изготвил барањето, кој наредил да се потпише, дали обвинителката што го потпишала знаела што потпишува или тоа и било наредено, кој го доставил барањето до судот, кој го организирал вршењето на претресот, но и за други релевантни околности задолжена е обвинителката Русковска да достави информација до Јавното обвинителство на РСМ, рече Јовески во интервју за неделникот „Фокус“.

Доколку Русковска не ја достави бараната информација, Јовески посочи дека ќе преземе сѐ што е во негова надлежност за да се расчисти случајот докрај.

Денеска обвинителството соопшти дека за Русковска се оддалечува од функцијата додека трае постапката, а дисциплинска постапка е поднесена и против две нејзини колешки, обвинителките Јана Трајчева и Елизабета Јосифовска.

Директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми, кој ја пријави Русковска за незаконско постапување, денеска соопшти дека се повлекува од функцијата.

Од обвинителството за „Фокус“ појаснуваат и дека предметот кој се однесува на Управата за финансиска полиција сѐ уште не бил предаден во Специјализираното одделение, кое според Јовески, е единствено надлежно да постапува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Русковска и нуделе функција да прекине…

Истите личности кои ми нудеа да бидам…

Каде е Директорот на финансова полиција?

Директорот на финaнсова полиција Арафат Муареми најверојатно…

Јовевски доби писмо со закани од терористичка…

Јавниот обвиител на РМ, Љубомир Јовевски, соопшти…

Жecтока рeaкција на Комерцијална на нeбyлозите на…

Апелациониот суд донесе одлука со којашто го…

Joвевски проговоре за пожapoт во модуларната бoлницa…

Не ја делам оценка дека Обвинителството постапува…