Рустеми: Претпријатието го оставам во перфектна кондиција
Денеска и официјално беше извршено примопредавање на функцијата Директор на Јавното претпријатие за државни патишта, со кое отсега ќе раководи поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски.
Досегашниот директор, кој со претпријатието раководи од ноември 2020 година, Ејуп Рустеми, вели дека со гордост може да кажам дека претпријатието го остава во „перфектна кондиција и со извонреден перформанс“.
Во текот на мојот мандат, односно од месец ноември 2020 година, до денес, нескромно можам да се пофалам со успешен мандат, со високо ниво на исполнување на Годишните програми и рекордно ниво на реализација на капиталните инвестиции во државата, вели Рустеми.
Инаку државните ревизори, кои денеска го објавија конечниот ревизорски извештај за претпријатието, велат дека по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта – Скопје, за 2022 година, одржувањето на магистралните и регионалните патишта е во опасност поради сериозните финансиски предизвици на Јавното претпријатие.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Касами: Не сме за предвремени избори, но…
Градоначалникот на Тетово и еден од ко…
Германска државјанка пронајдена почината во хотел во…
МВР информира дека доцна синоќа во 23.40…
(Фото) Падна првиот снег во Македонија
Првиот ден од есента донесе вистинско изненадување…
Во Велика Британија ќе биде формирана единица…
Британскиот премиер Енди Барнам во говорот пред…
РУДАРЕЊЕТО ВЕЌЕ НЕ ЈА ЗАДОВОЛУВА ПОБАРУВАЧКАТА НА…
Бакарот е клучен критичен минерал чија растечка…