Рустем Умеров е новиот министер за одбрана на Украина
Врховната рада денеска изгласа Рустем Умеров да биде нов украински министер за одбрана.
Умеров (41), поранешен адвокат и кримски Татар, е член на опозициската партија Холос и од септември 2022 година е на чело на Украинскиот фонд за државен имот. Тој има и значајна улога во различни хуманитарни активности; вклучително размена на воени заробеници, политички затвореници, деца и цивили, како и евакуација на цивили од окупираните територии. Тој, исто така, беше вклучен и во преговорите за извоз на украинското жито преку Црно Море.
Тој е заменик-шеф на постојаната делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа, претставувајќи ги кримските Татари и е советник на поранешниот претседател на Меџлисот на Кримските Татари, Мустафа Џемилев. Од декември 2020 година, Умеров ќе ја преземе улогата на копретседавач на дипломатската иницијатива на Кримската платформа.
Умеров доаѓа на местота на Олексеј Резников, кој беше разрешен од страна на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи: Кремљ ги загуби двајцата свои главни…
Потпретседателот на ДУИ и екс-шеф на македонската…
„Платформа 12.05“: Само со вистинско обединување на…
Уште еднаш се потврди дека без вистинско…
Цените на гасот во Европа за првпат…
Цените на гасот во Европа пораснаа за…
Јордан: Уапсени три лица осомничени за нападот…
Безбедносните сили на Јордан уапсиле тројца осомничени…
Меџити: Промените победија во Србија, крајот на…
Еден од копретседателите на ВЛЕН и градоначалник…