Руте: НАТО останува камен-темелник на безбедноста
Премиерот на Холандија, Марк Руте по официјалното именување за следен генерален секретар на НАТО изјави дека Алијансата останува камен-темелник на колективната безбедност на земјите-членки.
„Извонредна чест е да се биде назначен за генерален секретар на НАТО. Алијансата е и ќе остане камен-темелник на нашата колективна безбедност. Водењето на оваа организација е голема одговорност“, објави Руте на Икс.
Руте ќе го замени Норвежанецот Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на Алијансата од 1 октомври.
Амбасадорите од 32 земји на НАТО ќе го ратификуваат именувањето за време на состанокот на Северноатлантскиот совет (политичкото раководно тело на Алијансата) во Вашингтон на 9-11 јули.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кандидатот на студентската листа Александар Чупиќ избран…
Александар Чупиќ, кандидат на пратеничката група „Студентска…
Две малолетнички нападнале девојче во Кавадарци –…
Две малолетнички нападнале трета во Кавадарци, едната…
Автобусите и камионите под засилена полициска контрола…
Автобусите и товарните возила се под засилена…
Трамп, Путин и Си во заедничка изјава:…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател…
Прилично глупав потег е тоа што потрошив…
Илон Маск изјави дека се чувствува „прилично…