Руте повика на нормализација на односите со Русија по завршување на војната во Украина
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска повика на нормализација на односите со Русија по завршувањето на војната во Украина. Тој за Блумберг изјави дека е нормално, доколку војната некако престане, Европа и САД, чекор по чекор, да ги обноват нормалните односи со Русија.
Руте, сепак, истакна дека се уште не е време за тоа и дека е неопходно да се продолжи притисокот врз Русија за, како што вели, Москва сериозно да ги сфати преговорите.
„Мораме да продолжиме да ги притискаме за да се увериме дека се подготвени сериозно да се вклучат во разговори со американската администрација и, се разбира, со Украинците“, рече Руте.
Блумберг наведува дека најважна задача на Руте е да го одржи ангажманот на САД во НАТО, додека американскиот претседател Доналд Трамп се заканува дека ќе ја повлече земјата од Алијансата бидејќи, како што наведува, другите членки не одвојуваат доволно средства за одбрана.
Се забележува дека еден од најголемите адути на генералниот секретар на НАТО е неговиот добар работен однос со Трамп, кој беше воспоставен за време на првиот мандат на Трамп во Белата куќа, кога Руте беше премиер на Холандија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…
Велика Британија воведе нови санкции за руските…
Велика Британија воведе нови санкции против руски…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…
(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…
Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…
Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…