Објавено на:

Руте: Стабилност на Западен Балкан е интерес на сите во НАТО

t

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска во Братислава истакна дека стабилноста на Косово, Босна и Херцеговина и Србија е во интерес на сите и дека нема причина да се верува дека може да има некаква драматична промена во посветеноста на САД кон западната воена алијанса.
Во разговор со студентите на Универзитетот Комениус, на прашањето дали гледа можност за конфликт на Косово, имајќи предвид дека има индиции дека новата американска администрација би можела да ги повлече своите војници, Руте рече дека не верува дека во Вашингтон ќе има драматични одлуки.

„Да бидам апсолутно јасен, како што јас разбирам, тие се целосно посветени на НАТО и на сегашните обврски. Ќе видиме што ќе се случи. Но, секогаш може да има промена на политиката или мала адаптација. Тоа го прават Словаците, Холанѓаните и другите. Сепак, немам причина да верувам дека ќе има драматични одлуки. Во Западен Балкан мораме да бидеме сигурни дека ја следиме ситуацијата. Стабилноста на Косово, Босна и Херцеговина и Србија е во интерес на сите нас“, подвлече Руте.

Зборувајќи за Косово, тој посочи дека изборите се одржани, но се уште нема формален конечен резултат.

„Се чини дека главната партија, која управуваше со Косово пред изборите, ќе мора да формира коалициска влада. Тоа е дел од нормалниот демократски процес“, истакна Руте.

Кога станува збор за Босна и Херцеговина, тој посочи дека ситуацијата таму мора да се следи.

„Знаеме дека има некои прашања за кои мора да бидеме многу внимателни, како во БиХ, така и во односите во регионот“, објасни Руте.

Тој изјави дека разговарал со двајца од тројцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина на Минхенската безбедносна конференција.

„Се обидуваме да ја одржиме стабилноста. Тоа е регион кој има историја на нестабилност. За среќа, сега имаме стабилност во тој дел од Европа, која мора да ја одржиме“, подвлече Руте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски разговарал со Руте, се размислува за…

Премиерот Мицкоски имал разговор со генералниот секретар…

Руте повика на нормализација на односите со…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска…

Руте: Членството на Украина во НАТО повеќе…

Членството на Украина во НАТО повеќе не…

Германија праќа 300 војници на Косово во…

Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…

Хрватскиот министер за одбрана: НАТО нема да…

По повод безбедносната ситуација во регионот, хрватскиот…