Објавено на:

Руте: Стоиме солидарни со Германија по руските напади

t

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте преку социјалната мрежа Х соопшти дека разговарал со германскиот канцелар Фридрих Мерц, кому му кажал дека НАТО е во целосна солидарност со Германија по рускиот напад во Лајпциг на 4 август.

„Тукушто разговарав канцеларот Фридрих Мерц. НАТО е во целосна солидарност со Германија по рускиот хибриден напад во Лајпциг на 4 август. Доказите се јасни. И ги поздравувам мерките што ги објави Германија како одговор. НАТО ќе продолжи да ја зајакнува нашата способност да ги одвраќа и брани сите сојузници од каква било закана – вклучително и малигни дејствија како оние видени во Лајпциг и на други места низ Алијансата. Обидите на Русија да нè заплаши, да го поткопа нашето единство и нашата подготвеност да ја поддржиме Украина се залудни и ќе пропаднат. Нашата поддршка за Украина е непоколеблива, како и нашата цврста посветеност на колективната одбрана на НАТО“, соопшти Руте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…

Имаше 69 години, а веста за неговата…

(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…

Пожар избувна во висока станбена зграда во…

Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…

ЗНАМ не отстапува од својот став околу…

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…

Терористот од Краков почина во болница

Михал Оксински, кој уби шест лица во…