Објавено на:

Руте: Членството на Украина во НАТО повеќе не е дел од агендата

t

Членството на Украина во НАТО повеќе не е дел од агендата, изјави генералниот секретар на Алијансата Марк Руте во интервју за ТВ Блумберг.
На прашањето на телевизијата дали (американскиот претседател Доналд) Трамп навистина го симнува од преговарачка маса прашањето за членството на Украина во НАТО, Руте одговори „Да“.

Според него, тој со внимателен оптимизам ја набљудува можноста за прекин на непријателствата во Украина оваа година.
Притоа, Руте истакна дека не мисли оти НАТО ќе учествува во обезбедувањето примирје во Украина во случај на прекин на огнот.
„Верувам дека на НАТО ќе му биде тешко да учествува во ова, но можно е Алијансата да советува како да го направи тоа најдобро“, рече тој.


Во исто време, Руте истакна дека безбедносните гаранции за Киев може да се разгледуваат само по склучувањето на примирјето.
Покрај тоа, Руте не ја исклучи нормализацијата на односите меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави со Русија на долг рок, но истакна дека Западот во моментов не е подготвен за тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерц откри кој би можеч да ја…

Пет земји би можеле да ја претставуваат…

Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…

Средба на претставници на САД, Русија, Украина…

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…

„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…

Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…

Зеленски до Путин: „И јас можам да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…