Руте: Шансите да се постигне решение за тргање на бугарското вето за Македонија се 50-60 отсто
Холандскиот премиер Марк Руте пред почетокот на Европскиот самит во Брисел изрази загриженост поради бугарската блокада за Македонија, а со тоа и на Албанија. Тој нагласува дека се прават обиди да се надмине спорот и додава дека има 50-60 проценти шанси за тоа да се постигне следнава недела.
– Во врска со Западен Балкан, ситуацијата се разликува од земја до земја. Босна знае дека има работа пред да добие кандидатски статус, Косово има направено одреден напредок кон визна либерализација, но, најмногу сум загрижен околу Северна Македонија, а со тоа и Албанија, поради бугарската блокада на земјата и започнување на пристапните преговоди – рече Руте.
Ова создава многу и го разбирам тоа, вели Руте и додава дека Французите, Германците, па и Холанѓаните се обиделе да испреговараат одреден исход, нагласувајќи дека Бугарите сега прават напори за да се направи чекор напред.
– Секако, тоа треба да биде прифатливо и за Македонците. Ништо никогаш не е лесно на Балканот, но тука мислам дека постои 50-60 проценти шанса за напредок во текот на следната недела – изјави Руте пред почетокот на Европскиот совет во Брисел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…
И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…
Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…
(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…
Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…
(Видео) Голем протест во Софија по хибридните…
Стотици луѓе протестираа во четвртокот вечерта во…