РФМ ги објави деталите за Собранието на кое ќе се бира наследникот на Мукаетов!
Изборното собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе се одржи на 1 март 2025 година, со почеток во 12:00 часот, во просториите на Советот на Град Скопје, објавија денеска од Куќата на ракометот.
Овој собир е исклучително важен за македонскиот ракомет, со оглед што ќе треба да се избере човек кој ќе го продолжи исклучително успешниот пат на се уште актуелниот предводник, Живко Мукаетов, кој сам ја напушта функцијата поради искористување на максимален број мандати според Статутот. Дневниот ред погледнете го ТУКА.
Во време на првиот човек на компанијата „Алкалоид“, машката ракометна репрезентација на Македонија постигна значајни успеси и учествуваше на сите големи натпреварувања, а бевме сведоци на сериозни успеси и на женската селекција како и на младинските национални тимови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…