РФМ ги одреди цените на билетите за мечевите со Словенија
Македонскатаma машка ракометна репрезентација на 12-ти март во Скопје ќе ја пречека Словенија во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство, а федерацијата одреди симболични цени за билетите за натпреварот.
Продажбата на билетите за дуелот, што се игра во арената „Борис Трајковски“, стартува на 3.март, понеделник, од 12 часот.
Цените се 200 и 300 денари, а навивачите ќе можат да купат онлајн преку продажната мрежа на МК Тикетс, но и на неколку локации низ Скопје меѓу кои и на три бензиски на Макпетрол во Козле, Влае и на булеварот Илинден. Надвор од главниот град билети можат да се купат и во Велес, Куманово, Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Струмица и Штип.
Македонија во евроквалификациите по двете одиграни кола има победа против Естонија на домашен терен и неочекуван пораз од Литванија на гости. Македонија ќе ја пречека Словенија на 12-ти март, а четири дена подоцна ќе гостува во Копер кај истиот ривал.РФМ ги одреди цените на билетите за мечевите со Словенија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Трамп пред симпатизерите: „Ники Минаж има…
За време на собир во Миџиген ,…
Силен ветер ќе ја зафати Македонија –…
Силен ветер од северозападен правец се очекува…
ЧОВЕКОТ КОЈ МУ ГО ДАДЕ ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ…
По изборниот пораз на Српската напредна странка…
Лула освои четврти претседателски мандат, Флавио Болсонаро…
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва…
Бирол предупредува: Нема брзо враќање на енергетскиот…
Извршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика,…