РФМ одреди популарни цени за натпреварот со Полска: Средствата ќе се донираат за настраданите во пожарот во Кочани
Женската ракометна федерација на Македонија ја очекува двомечот со Полска во баражот за Европското првенство.
Во првиот натпревар ракометарките ќе гостуваат на Полска на 9-ти април, додека три дена подоцна ќе бидеме домаќини. Ракометната федерација на Македонија денеска ги пушти билетите во продажба и тие се по популарни цени од 100 денари.
Исто така информираа и дека сите средства ќе бидат донирани на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани.
Ракометната Федерација на Македонија ги известува љубителите на ракометот дека сениорската селекција во сабота (12.04.2025 г.), со почеток во 19:00 часот во Спортската сала „ Боро Чурлевски “ во Битола, ќе го одигра квалификацискиот бараж натпревар во рамки на Women’s World Championship 2025 – Qualification Europe Phase 2 против селекцијата на Полска.
Продажбата на влезници за натпреварот започнува во петок на 04.04.2025 година во 12:00 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ) а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.
Продажната цена на влезниците за натпреварот кој е од хуманитарен карактер (средставата ќе бидат донирани за настраданите во Кочани) е 100 денари.
Продажна мрежа – МК Тикетс
Скопје:
- ЛитератураМК – City Mall
- ЛитератураМК – East Gate
- ЛитератураМК – Diamond Mall
- Литература – ТЦ Буњаковец
- ЛитератураМК – ул. Македонија
- Југотон ГТЦ 1
- ЈК Травел – ТЦ Бисер
- Макпетрол – Козле
- Макпетрол – Илинденска
- Макпетрол – Влае
Велес:
- Унисон
Прилеп:
- ТА Бран
Куманово:
- Тобако Агора
Тетово:
- Тобако Монако
- Гранд Тобако
Гостивар:
- Тобако Вона 5
Охрид:
- ТА Вис Пој
Битола:
- ЛитератураМК
- Tobacco Brothers
Струмица:
- ЛитератураМК
- ТА Сафари
Штип:
- Сити Тобако
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…