Објавено на:

РФМ се освести, нема намалување на бројот на странци во ракометната Суперлига!

t

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), ги усвои барањата на Вардар и на Пелистер да не се намали бројот на дозволени странски играчи по натпревар, во домашната Суперлига.

Иако беше планирано од постојните осум, за следната сезона бројот на странци во една екипа да се намали на шест, сепак РФМ денеска реши да ја укине таа промена, бидејќи и немаше некаква смисла.

Викендов, почнувајќи од денес, македонската ракометна јавност ќе биде насочена кон Куп возбудувањата во Кавадарци, каде токму Вардар и Еурофарм Пелистер се главните фаворити за нов трофеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РФМ се освести, нема намалување на бројот…

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија…