Рјабков: Постои реална опасност Исламска држава да крене глава, а Сирија да стане извор на терористи и нестабилност
Денеска постои реална опасност групата Исламска држава повторно да крене глава во Сирија, изјави за новинарите заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Рјабков.
„Постои реална опасност Исламската држава и сите оние структури кои претходеа на појавата на такви здруженија повторно да ја кренат главата таму, не би сакал земјата да се претвори во извор на нестабилност извор на терористички закани“, рече Рјабков на новинарите.
На 8 декември, претставниците на вооружената опозиција во Сирија ја зазедоа државната телевизија во Дамаск и објавија во етер дека воспоставиле контрола над земјата. Сирискиот премиер Мохамед Гази ал Џалали изјави дека тој и неколку министри остануваат во земјата и дека воспоставиле контакт со раководството на вооружената опозиција. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека сирискиот претседател Башар ал Асад, по преговорите со голем број учесници во конфликтот, одлучил да поднесе оставка од функцијата и ја напуштил земјата, давајќи инструкции за мирен трансфер на власта.
Башар ал Асад и неговото семејство добија азил од рускиот претседател Владимир Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија го повтори барањето НАТО да се…
Русија повторно бара НАТО да ги повлече…
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…
Велика Британија воведе нови санкции за руските…
Велика Британија воведе нови санкции против руски…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…
(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…
Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…