Савески: Жалам за оставката на Ристоска, сите одлуки кои ги носам се во насока на независно и самостојно обвинителство
Во принцип не сакам да коментирам лични одлуки, но сепак изразувам жалење за одлуката на колешката Ристоска. За ваквиот чин и од неа лично бев известен преку СМС порака по поднесување на оставката, а за причините за истата дознав од медиумите, вели преку соопштение Државниот јавен обвинител Ненад Савески.
„Но, она што сакам да го истакнам е дека Јавното обвинителство останува без јавен обвинител од кој очекував дека со своето повеќегодишно драгоцено искуство ќе даде придонес кон зајакнување на капацитетите на оваа институција, особено со нејзината позиција како обвинител за врски со Европравда. Одлуката за отповикување на сите овластувања дадени од моите претходници не е персонална и во никој случај не е насочена кон работата на обвинителката Ристоска“, вели Савески.
Новиот Државен обвинител тврди дека сите одлуки кои ги носи се во насока да биде гарантирана независноста и самостојноста во работењето на Јавното обвинителство.
„Таа одлука е од организациска природа и нејзината цел е зголемување на ефикасното постапување на јавното обвинителство. Ја користам оваа прилика да ги повикам сите јавни обвинители заедно и секој поединечно, да не дозволиме ништо да влијае врз нашиот професионален интегритет и секојдневна работа. Воедно, упатувам повик и до сите општествено влијателни субјекти да создадат атмосфера во која угледот на обвинителството нема да се загрози, бидејќи тоа е во интерес не само на јавното обвинителство, туку и на сите граѓани кои што ги остваруваат своите индивидуални права и слободи меѓу останатото и преку работата на оваа институција. Сите одлуки што ги носам од почетокот на извршувањето на оваа функција и што ќе продолжам да ги носам се во насока да ја гарантирам независноста и самостојноста во работењето на Јавното обвинителство“, додава Савески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Савески: Еден обвинител работи за тројца, но…
Недостигот на јавни обвинители, несоодветните просторни услови…
„Сум бил свиња и сакал да ме…
Премиерот Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…