Савески: Нема да има предмети во фиока и селективна правда

t

Кандидатот за државен јавен обвинител Ненад Савески изјави дека негов приоритет ќе бидат поголема отчетност, транспарентност и дигитализација на работата во Јавното обвинителство.

Во изјава за МИА, Савески посочи дека е неопходно да се подобрат условите за работа на обвинителите, нагласувајќи дека тие се поголем проблем од платите.

„Не може со сиромашна институција да се бориш против богати од криминал“, истакна Савески.

Тој најави воведување дигитален систем за следење на предметите, со кој, како што рече, ќе се спречи таканаречениот „фиока стоп систем“ и ќе се обезбеди подобра контрола на работата на обвинителите.

Савески нагласи дека нема да издвојува поединечни предмети како приоритет, бидејќи, според него, секој случај е подеднакво важен.

„Не сакам да оставам впечаток дека ќе водам селективна правда. Секој предмет ќе се работи согласно закон и утврдените рокови“, изјави Савески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ