Савески потврди телефонски разговор со Мицкоски, но мазутот не бил тема на разговор
Државниот јавен обвинител Ненад Савески потврди дека вчера за првпат телефонски разговарал со премиерот Христијан Мицкоски. Од Обвинителството појаснуваат дека во разговорот не се дискутирале детали од конкретни предмети, вклучително и од истрагата за набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино.
„Јавниот обвинител на РСМ не може да спречи некого да му се јави телефонски. Вчера за првпат воопшто телефонски му се јави Претседателот на Владата на РСМ, но во разговорот во ниту еден момент не стана збор за детали од конкретен предмет, вклучително и за предметот за кој покажувате интерес. На прашање на Претседателот на Владата, во разговорот му беше кажано истото она што вчера беше јавно објавено од обвинителството во медиумите – дека предметот не е рефериран во републичкото обвинителство и дека државниот јавен обвинител за одлуката дозна по нејзиното донесување“, се вели во соопштението од обвинителството.
Од Обвинителството посочуваат дека одлуките во предметот ги носи надлежниот јавен обвинител од Обвинителството за организиран криминал, нагласувајќи дека сите институции и чинители треба да ја почитуваат уставно загарантираната независност на Јавното обвинителство.
“Имено согласно чл.3 од Законот за јавното обвинителство, обвинителството се организира според принципите на хиерархија и субординација, но почитувањето на овие принципи не смее да ја загрози самостојноста и одговорноста на секој јавен обвинител во вршењето на функцијата. Уставно загарантираната самостојност на Јавното обвинителство се обврзани да ја почитуваат сите“, стои во соопштението.
Ознаки: државен јавен обвинител, Набавка на
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…
ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Трамп тврди дека не…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…
САЈБЕРНАПАДОТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ СЕ ШИРИ: Пријавени…
Серија пријавени сајберинциденти насочени кон системите за…
„Меѓуизбори 2026“: Американците утре избираат нов состав…
Во САД утре се одржуваат меѓуизбори (избори…
СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ГО ПОТРЕСОА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КЕШМ:…
Серија силни експлозии е пријавена на иранскиот…