Објавено на:

САД: Ако Иран ѝ испрати ракети на Русија, Западот би можел брзо и жестоко да одговори

t

„Нашата порака денес е – доколку Иран објави најава за снабдување на Русија со балистички ракети, одговорот на меѓународната заедница ќе биде брз и жесток“, изјави претставникот за малата група новинари.

Соединетите Држави им се приклучија на сојузниците од Г7 во соопштението во кое ја предупредуваат Исламската Република да не префрла ракети во Русија, откако Ројтерс објави дека Техеран ѝ испратил на Русија голем број ракети за да ја нападне Украина.

Американски официјален претставник, кој сакал да остане анонимен, рече дека една опција што се разгледува е „запирање на летовите на Иран Ер“ кон Европа. Тој рече дека САД не успеале да потврдат дека Иран веќе ѝ доставил ракети на Русија, но дека е јасно дека Техеран има обид да ги заврши преговорите за ова прашање со Москва.

Ограничувањата на Советот за безбедност на Обединетите нации за извоз на ракети, беспилотни летала и друга технологија од Иран истекоа во октомври. САД и Европската унија ги задржаа санкциите за иранската програма за балистички ракети поради загриженоста дека Техеран ги извезува на своите сојузници на Блискиот Исток и Русија.

Балистичките ракети од Иран би биле моќно ново оружје за Русија во нејзиниот напад врз Украина. САД тврдат дека Исламската Република веќе ѝ доставила на Русија беспилотни летала и муниција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Антимакедонецот Филипче да не прави паника…

СДС и Венко Филипче повторно ја активираат…

Украдени над 100 парчиња огнено оружје од…

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје биле…

Мицкоски во работна посета на германската покраина…

Премиерот Христијан Мицкоски од денеска престојува во…

Македонија планира да привлече инвеститори во дата-центри,…

Македонија планира да создаде услови за привлекување…

Турски воени авиони повторно го нарушија грчкиот…

Во текот на вчерашниот ден во североисточниот,…