Објавено на:

САД, Велика Британија и Германија ги повикаа своите граѓани да го напуштат Либан

t

САД, Велика Британија и Германија денеска ги повикаа своите граѓани да го напуштат Либан поради тензиите со Израел на југот на земјата. Вчера Саудиска Арабија ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан, а претходно истото го направи и Кувајт.

Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, на границата се водат судири меѓу моќното либанско движење Хезболах, сојузник на Хамас, и Израел.

Американската амбасада во Бејрут во денешното соопштение ги повика американските граѓани во Либан да го испланираат своето заминување што е можно поскоро, додека има комерцијални летови.

„Препорачуваме граѓаните на САД кои ќе одлучат да останат да подготват план за вонредна состојба“, се вели без дополнителни детали.

„Ако моментално сте во Либан, ве повикуваме веднаш да заминете додека се достапни комерцијални летови“, соопшти британската амбасада.

Во текот на вечерта и германското Министерство за надворешни работи ги повика своите граѓани да го напуштат Либан со постоечки комерцијални летови.

„Во пограничната зона се случија повторени воени престрелки“, се додава во соопштението на Берлин, оценувајќи дека „тие можат да ескалираат во секое време“.

Денеска Хезболах и палестинските фракции со седиште во Либан повторно разменија оган со израелската армија, а военото крило на Хамас извести дека истрелало 30 ракети кон северниот дел на Израел од југот на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Мртво бебе оставено во торба на улица…

Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…