Објавено на:

САД ги осудија сајбер нападите во Европа, а одговорноста и ја препишаа на Русија

t

Американската дипломатија ја осуди неодамнешната кампања на сајбер напади во Европа и ја обвини Русија, како што веќе направија германската и чешката влада.

„САД силно ги осудуваат злонамерните сајбер активности на руското воено разузнавање против Германија, Чешка, Литванија, Полска, Словачка и Шведска“, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер во соопштението.

Нападот, според Вашингтон, го извршила хакерска група позната како APT28, „познат опасен актер со долга историја на злонамерни, штетни, дестабилизирачки и нарушувачки практики“.

Стејт департментот потсети дека воведе санкции за одредени „актери“ поради активностите на таа група за време на претседателските избори во САД во 2016 година и активностите против Светската антидопинг агенција (ВАДА).

Во случајот со сајбер нападот во Европа, американските власти соработуваа со Германија за да ги блокираат рутерите што ги користеа напаѓачите, се вели во соопштението за печатот.

Германија и Чешка денеска ја обвинија споменатата група руски хакери под контрола на Москва за неодамнешната кампања на сајбер напади во нивните земји.

ЕУ вети цврст одговор на тоа „злонамерно однесување“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсена вработена во МВР – фатена со…

Овластено службено лице вработено во МВР фатено…

Ќе има прегласување: Управен суд ги одби…

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани…

(Видео) Полицајци спасија човек во Молдавија, кој…

Како што пренесува „Дејлимејл“, овој настан се…

Два нови обвинителни предлога против Рамиз Мерко

Основното јавно обвинителство Струга поднесе два обвинителни…

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат…

Командантот на силите Кудс, Есмаил Кани изјави…