Објавено на:

САД ги повикаа своите државјани веднаш да ја напуштат Белорусија

t

Амбасадата на САД во Белорусија денеска издаде предупредување со кое ги повика своите државјани веднаш да ја напуштат Белорусија.

Во соопштението на амбасадата се наведува дека Литванија претходно затворила два свои гранични премини со Белорусија и дека Полска, Летонија и Естонија навестиле дека можеби ќе го сторат истото.

Мисијата ги повика американските граѓани да одат преку една од последните три земји бидејќи „не им е дозволено да влезат во Полска по копнен пат од Белорусија“.

„Не патувајте во Белорусија поради континуираното овозможување од страна на белоруските власти на рускиот неиспровоциран напад врз Украина, трупањето руски воени сили во Белорусија, произволното спроведување на локалните закони, потенцијалот за граѓански немири, ризикот од притвор, и ограничената способност на амбасадата да им помогне на американските граѓани кои живеат или патуваат во Белорусија“, се нагласува во сооопштението на американската Амбасада во Минск. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американски воен транспортен авион слета во Москва,…

Американски воен транспортен авион утрово слетал на…

15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…

Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…

Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…

Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…

Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…

Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…

На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…