САД ги повикува сите американски државјани итно да го напуштат Иран
Виртуелната амбасада на САД во Техеран ги повика американските граѓани во Иран веднаш да ја напуштат земјата. Амбасадата во соопштението наведува дека во Иран се во тек засилени безбедносни мерки, затворање на патишта, прекини во јавниот превоз и прекини на интернет, додека иранската влада продолжува да го ограничува пристапот до мобилни, фиксни и национални интернет мрежи, а авиокомпаниите продолжуваат да ги ограничуваат или откажуваат летовите до и од Иран.
„Напуштете го Иран веднаш. Граѓаните на САД треба да очекуваат континуирани прекини на интернет, да планираат алтернативни средства за комуникација и, доколку е безбедно да го сторат тоа, да размислат за напуштање на Иран по копно преку Ерменија или Турција“, се вели во соопштението.

Се вели дека откажувањата и прекините на летовите се можни без претходна најава и дека треба директно да се консултираат со своите авиокомпании за најновите информации. „Доколку не можете да ја напуштите земјата, пронајдете безбедна локација во вашиот дом или во друга безбедна зграда. Снабдете се со храна, вода, лекови и други основни потреби. Избегнувајте демонстрации, останете незабележливи и бидете свесни за околината. Следете ги локалните медиуми за најнови вести. Бидете подготвени да ги прилагодите вашите планови. Држете го телефонот наполнет и одржувајте комуникација со семејството и пријателите за да ги информирате за вашата состојба“, се додава во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп, Путин и Си во заедничка изјава:…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател…
Трамп: САД не ја поддржуваат независноста на…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Трамп: На САД не им е потребна…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на…
Трамп на 19 ноември планира одделна средба…
Американскиот претседател Доналд Трамп планира на 19…
Рубио и експертите тврдат: Технолошките прекини што…
САД не се под системски напад, изјави…