САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се стратешки партнери
Соединетите Американски држави и Европа гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се стратешки партнери: со путиновите „Ноќни волци”, реагираат од СДСМ во партиско соопштение.
– Како офицер за врски, вицепремиерот на Мицкоски, Иван Стоилковиќ бил на прослава во Република Српска со „Ноќните волци“ на Путин.
Кои се другите „стратешки парнери“ освен бизнис партнерите од СНС?
Тука е и Никола Селаковиќ, српскиот министер за култура обвинет за скандалот со Генералштабот, откако зетот на Трамп, ја повлече својата фирма од проектот поради корупција и криминал.
Тука е и Алта Банка и сомнителниот капитал кој бил одбиен од ЕУ.
Дали вака ВМРО го покажува своето стратешко партнерство со САД? Дали и путиновите „Ноќни волци“ се билатерално наметнати, како што вели Мицкоски?
Дали и утре, ако САД реагираат на тоа што неговиот вицепремиер слави со „Ноќните волци“ на Путин и со луѓе обвинети за криминал и корупција, ќе рече дека станува збор за наметнат билатерален спор?
Паниката кога САД носат специјален Закон за Западен Балкан за борба против криминал и корупција е сега кристално јасна.
Сите ќе одговарате! – велат од опозициската СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…