САД го суспендира извозот на цивилно оружје за 90 дена
Соединетите Американски Држави го суспендираа издавањето на дозволи за извоз за повеќето цивилни огнени оружја и муниција за сите невладини корисници на 90 дена, соопшти Министерството за трговија, наведувајќи причини поврзани со интересите на националната безбедност и надворешната политика.
Одделот за трговија не даде дополнителни детали за одлуката, која вклучува и пушки и оптички нишани, но најави дека вонредниот преглед ќе го процени „ризикот што го носи огненото оружје за поединци, како и активностите кои промовираат регионална нестабилност, ги кршат човековите права. или поттикнуваат криминални активности, пишува Ројтерс.
Одделот за трговија одби да даде дополнителни детали за одлуката, која ја објави на својата официјална веб-страница.
Од оваа мерка ќе бидат изземени дозволите за извоз за Украина и Израел, како и за некои други блиски сојузници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
САД ја укинаа забраната за летови, се…
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…
Кушнер: САД работат на најголема размена на…
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…