Објавено на:

САД даваат пет милиони долари за поддршка на кибернетската безбедност во Македонија

t

Министерството за дигитална трансформација информира дека Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави во Вашингтон завршил со конкретни резултати во кибернетската безбедност и дигиталната инфраструктура.


„Во рамки на оваа поддршка ќе се спроведат сеопфатни проценки на кибернетската безбедност на критичната инфраструктура и другите важни мрежи, со цел: идентификување на слабостите, препорачување конкретни мерки за нивно отстранување и поддршка при носење одлуки за набавка на современи и сигурни решенија за кибернетска безбедност“, велат од Министерството за дигитална трансформација.

Покрај тоа, САД ќе обезбедат техничка поддршка преку програмата FALCON, вклучувајќи проценки на безбедноста на критичните мрежи, идентификација на слабости и препораки за подобрување, како и финансиска поддршка од 5 милиони долари, соопштија од министерството.

„Во исто време, Соединетите Американски Држави најавија поддршка во износ од 5 милиони долари преку програмата за странска помош, наменета за развој на кибернетските капацитети и унапредување на заштитата на инфраструктурата, преку обезбедување опрема и обуки“, велат од Министерството.

Инаку, минатата година Македонија усвои нов Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, целосно усогласен со најновата европска директива NIS2. Законот воведува строги обврски за компаниите и институциите во 16 клучни сектори, кои сега ќе мора да спроведуваат задолжителни безбедносни мерки и да пријавуваат сериозни кибер напади во рок од само три часа од нивното откривање, во спротивно ќе се соочат со казни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белорусија ослободува политички затвореници во замена за…

Белорусија започна нова рунда помилувања на политичките…

Ирански дронови и ракета погодија брод ангажиран…

Ирански дронови и ракета нападнале брод ангажиран…

САД ги повикаа сите да ја прифатат…

Соединетите Американски Држави соопштија дека ја почитуваат…

„Постои ризик поради напади и тероризам“ —…

САД преку својата амбасада во Ријад ги…

Северна Кореја ги предупредува САД и Јужна…

Северна Кореја предупреди дека, во согласност со…