САД добиваат нови борбени авиони: Трамп го најави новиот Ф-55 и модернизацијата на Ф-22
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денес изјави дека САД разгледуваат развој на нов двомоторен борбен авион наречен Ф-55, како и подобрена верзија на постоечкиот Ф-22 Раптор, наречена Ф-22 Супер.
Зборувајќи на состанок со бизнис лидери, вклучувајќи ги и раководителите на „Боинг“ и „ЏЕ Аероспејс“, во Доха, Трамп рече дека „Ф-55“ би можел да претставува нова верзија на „Ф-35“ со дополнителен мотор, додека „Ф-22 Супер“ би бил посовремена верзија на постојниот авион „Ф-22“, објави „Ројтерс“.
„Ќе работиме на Ф-55, тоа ќе биде двоен мотор и супер надградба на Ф-35. А потоа ќе работиме и на Ф-22. Мислам дека Ф-22 е најубавиот ловец во светот, но Ф-22 Супер ќе биде многу модерен“, рече Трамп.
„Локхид Мартин“, кој го загуби тендерот за Ф-47, сега размислува за развој на таканаречен „борбен авион од петта генерација плус“ кој би обезбедил околу 80 проценти од капацитетот за половина цена, изјави извршниот директор Џејмс Тиклет.
Тој додаде дека постоечкиот модел би можел „да се претвори во Ферари“.
Аналитичарите велат дека не е јасно како најавите на претседателот Трамп ќе се вклопат во постојните одбранбени програми и буџетски планови, додека некои сугерираа дека името Ф-55 би можело да се однесува на програмата F/A-XX, наменета да ја замени флотата на авиони F/A-18 Super Hornet на американската морнарица.
Додавањето на втор мотор на Ф-35 практично би претставувало развој на сосема нов авион, велат воените аналитичари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…
Бебе на возраст од 11 месеци е…
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…